Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, беше исклучително задоволен по победата со 4:1 над Сасуоло. “Росонерите” ја прекинаа серијата од три последователни средби без победа и тоа без типичен централен напаѓач, бидејќи Гонзало Игуаин, Фабио Борини и Патрик Кутроне имаа повреди.
„Андреа Силва не сакаше да остане, па не можев да го убедам, и не можам да му ветам 25-30 натпревари во една сезона. Не се сомневав дека е голем напаѓач, но никој не го избрка Силва. Тој сакаше да замине. Во овие пет натпревари игравме навистина добро, но не бевме доследни до крај. Честопати можеме да имаме одлично прво полувреме и да дозволиме пад во второто. Доминиравме во Емполи, но не победивме, а сега успеавме мечот да го приведеме до крај како што треба и тоа ме радува“, изјавил Гатузо.