Фудбалерите на Аргентина по шокантниот пораз од Саудиска Арабија на стартот на Мундијалот во Катар, денеска немаат право на грешка на мечот со Мексико во рамките на второто коло во групната фаза.
Нивниот селектор, Лионел Скалони, вели дека сите мора да ја заборават претходната средба и да размислуваат само за победа
„ Мора да завртиме нова страница. Мислам дека сме подготвени за тоа. Фудбалерите знаат што ги очекува. Извлековме поука од поразот“ – потенцираше Скалони пред денешниот меч кој ќе започне од 20.00 часот.