Медиумите во Шпанија денес објавија информација дека талентираниот Гави е успешно опериран и наскоро се очекува да започне долгиот процес на рехабилитација.
Младата ѕвезда на Барселона доживеа тешка повреда на последниот квалификациски натпревар против Грузија, а сега е веќе извесно дека паузата за него ќе биде многу долга.
Гави го напушти теренот по само 26 минути игра и беше јасно дека е сериозно повреден, а потоа беше потврдено дека се работи за кинење на вкрстените лигаменти и повреда на менискусот. Ова значи дека младиот талент сигурно го пропушта остатокот од сезоната, а болката да биде поголема, нема да може да настапи ниту на следните две големи натпрварувања – Европското првенство 2024 и Летните Олимписките игри во Париз.
Враќањето на Гави се очекува најрано во јули следната година, а навивачите на социјалните мрежи уште еднаш изразија огромна поддршка за 19-годишниот супер-талент.