Манчестер Сити има намера да го задржи Пеп Гвардиола како главен тренер на тимот и по 2025 година.
Иако Гвардиола се уште не се изјаснил дали ќе остане, островските медиуми пренесуваат дека челниците на англискиот шампион прават се за шпанскиот стручњак да продолжи да си ја врши работата.
Гвардиола стана првиот стручњак кој четири пати по ред ја освојувал титулата со својот тим во Премиер лигата. За да го убедат Гвардиола да остане, клупските челници се подготвени да му дадат годишна плата поголема од 20 милиони евра, плус да му донесат двајца играчи за кои се подготвени да одвојат вкупно 300 милиони евра.
Во прашање се Џамал Мусијала од Баерн и Флоријан Вирц, член на Баер од Леверкузен.

