Голманот, Калифа Гедбан, денеска му се приклучи на тимот на Еурофарм Пелистер кој одработува дел од подготовките во Маврово.
Добредојде му посака Бојан Стерјев, синот на претседателот на битолскиот ракометен состав. Алжирецот ќе работи со „зелено-белите“ пред враќањето во Битола и настапот на турнирите во Добој и Охрид.
Еурофарм Пелистер кој во изминатата сезона ја освои домашната титула, на есен го очекува настапот во Лигата на шампионите.