Матео Гендузи го замени Пол Погба во составот на Франција за настап во квалификациите за Еуро 2020 против Албанија и Андора.
Играчот од средниот ред на Арсенал (кој има 20 години) има пристоен почеток на сезоната, започнувајќи ги сите четири натпревари на „топџиите“ во Премиер лигата. Тој беше заслужен за еден од головите на мечот со големиот ривал Тотенхем кој заврши нерешено 2:2. Ова е прв пат Гендузи да биде повикан за настап на најдобрата селекција на Франција за настап на меѓународно ниво.
Тој патува на местото на Пол Погба, кој и покрај тоа што одигра 90 минути на мечот на Манчестер Јунајтед со Саутемптон, беше принуден да се повлече од составот на Дидие Дешамп поради повреда на зглобот. Оле Гунар Солскјер ќе се надева дека неговата ѕвезда од средниот ред ќе се врати во составот по репрезентативната пауза.