Македонскиот теквондист, Дејан Георгиевски, кој се врати со сребрен медал од ЛОИ во Токио, имаш прием кај Премиерот, Зоран Заев.
„За време на разговорот премиерот Заев рече дека успехот на Георгиевски е поттик за Агенцијата за млади и спорт да ги унапреди условите за развој на теквондото и другите олимписки дисциплини за кои се заинтересирани младите“ – стои во соопштението од Владата.
Дејан Георгиевски кој направи историски успех за мак-спортот на Олимпијдата во Јапонија, ќе биде парично награден од Владата со вкупни 2 милиони и 600.000 денари.