Нашиот натпреварувач во таеквондо, Дејан Георгиевски, го совлада Сејду Гбане од Брег Слонова Коска на поени со 9-4 и влезе меѓу најдобрите 4-ца во категоријата плус 80 килограми на Летните Олимписки Игри во Токио.
Македонскиот олимпиец уште на стартот на денот беше фантастичен и забалежа победа против актуелниот светски шампион Кубанецот, Рафаел Кастиљо Алба со 11-8 на поени.
Георгиевски сега го очекува битка со Ин од Кореја.