Македонскиот претставник, Дејан Георгиевски, го освои сребрениот медал на Европските игри во Полска откако вечерва во финалето во категоријата над 87 килограми загуби од Британецот, Кејдон Луис Канингам со 2:0.
Нашиот натпреварувач во таеквондо на патот до завршниот меч ги совлада: Матиа Молин од Италија со 2-0, Украинецот Андри Харвар со 2-1 и Шпанецот, Иван Гарсија Мартинез.
Георгиевски на тековните Игри во Краков успеа да го донесе првиот медал за нашава земја.