Сребрениот олимпиец, Дејан Георгиевски и каратистката Симона Заборска ќе бидат во улога на знаменосци на денешното свеченото отворање на Медитеранските игри.
Македонската делегација од 114 членови (77 се спортисти) ќе биде дел од масовниот собир во алжирскиот град Оран. Таму ќе настапат вкупно 3.390 спортисти.
Македонија ќе има претставници во ракомет (мажи и жени), одбојка (мажи и жени), таеквондо, џудо, карате, борење, пливање, стрелаштво, атлетика и мечување.

