Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Георгиевски: Имаме квалитет да го освоиме Купот
    Фудбал

    Георгиевски: Имаме квалитет да го освоиме Купот

    dinoBy dino26/04/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на кадетската фудбалска екипа на Вардар, Пепи Георгиевски, во интервју за  Спортско радио 90,3 ФМ, посочи дека сите мисли во завршницата на сезоната ќе бидат насочени кон финалето на Купот.

    „Со добра работа успеавме да ја оствариме главната цел и да влеземе во решавачкиот меч за пехарот. Таму ќе играме со екипата на Шкендија која е меѓу најдобрите во кадетска конкуренција. Во очекување на терминот за мечот, ќе се обидеме максимално да се подготвиме. Се надевам дека ќе го донесеме пехарот во клубот“ – изјави Георгиевски кој е повеќе од 25 години активен во тренерскиот дел на Вардар.

    „Во моментов имаме неколку играчи кои се голема перспектива на клубот. Наша главна задача е да ги насочиме кон младинските и сениорските состави. Мислам дека треба да се подобрат условите за работа со младите категории во сите клубови“ – потенцираше Георгиевски во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.