Македонскиот олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски ќе се бори за златниот медал во категоријата плус 80 кг на Летните олимписки игри во Токио.
Тој досега забележа три победи против светскиот шампион, Кубанецот Кастиња, (11:8) натпреварувачот од Брег Слонова Коска, Сејду Гбане (9:4) и во полу-финалето против Кјо Ин од Кореја со 12:6 на поени.
Георгиевски со влезот во големото финале си обезбеди во најмала рака сребрен медал. Таму го очекува битка со Русинот, Ларин.