Гоце Георгиевски е еден од поискусните во нашата репрезентација која е во фаза на подмладување. Георгиевски на денешниот брифинг потенцираше дека има разочарување, но сепак и задоволство од прикажаната игра на мелот со Словенија. Според него, мора да играме со помалку технички грешки одмечот против Словенците доколку сакаме победа против Црна Гора.
„По загубен натпревар нормално е да има разочарување. Мислам дека треба да извадиме позитивна поука, бидејќи одигравме добар натпревар. Можеби не беше квалитетно од двете страни, имаше многу грешки, но ние сме млада транзициска репрезентација. За многу репрезентативци ова се први искуства на вакви натпреварувања и мислам дека сме на прав пат. Не треба да нè разочарува овој пораз, треба да гледаме само напред. Нема многу време за подготовка и анализа, но ист е третманот за сите селекции. Не се сомневам дека добро ќе се подготвиме, денес ќе имаме и тренинг и ќе бидеме спремни. Ќе биде тешко и против Црна Гора, посебно заради тоа што не знаеме каков им е составот. Секако дека повеќе ни лежат отколку во минатото. Имаме повеќе победи против нив“, изјави Георгиевски.
Македонија денес ќе одработи еден тренинг во попладневниот термин, а утре во 18 часот не чека дуелот со Црна Гора кој ќе сеигра во „Фоникс Арена“ во Дебрецин, во рамките на Групата А од ова ЕП.