Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Георгиевски: „Мора да се поправиме во играта доколку сакаме ппобеда против Црна Гора“
    Ракомет

    Георгиевски: „Мора да се поправиме во играта доколку сакаме ппобеда против Црна Гора“

    risteBy riste14/01/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Гоце Георгиевски е еден од поискусните во нашата репрезентација која е во фаза на подмладување. Георгиевски на денешниот брифинг потенцираше дека има разочарување, но сепак и задоволство од прикажаната игра на мелот со Словенија. Според него, мора да играме со помалку технички грешки одмечот против Словенците доколку сакаме победа против Црна Гора.

    „По загубен натпревар нормално е да има разочарување. Мислам дека треба да извадиме позитивна поука, бидејќи одигравме добар натпревар. Можеби не беше квалитетно од двете страни, имаше многу грешки, но ние сме млада транзициска репрезентација. За многу репрезентативци ова се први искуства на вакви натпреварувања и мислам дека сме на прав пат. Не треба да нè разочарува овој пораз, треба да гледаме само напред. Нема многу време за подготовка и анализа, но ист е третманот за сите селекции. Не се сомневам дека добро ќе се подготвиме, денес ќе имаме и тренинг и ќе бидеме спремни. Ќе биде тешко и против Црна Гора, посебно заради тоа што не знаеме каков им е составот. Секако дека повеќе ни лежат отколку во минатото. Имаме повеќе победи против нив“, изјави Георгиевски.

    Македонија денес ќе одработи еден тренинг во попладневниот термин, а утре во 18 часот не чека дуелот со Црна Гора кој ќе сеигра во „Фоникс Арена“ во Дебрецин, во рамките на Групата А од ова ЕП.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Урбан Лесјак од следната сезона на голот на Еурофарм Пелистер

    10/02/2022

    Вардар убедлив кај Војводина за прва сезонска поеда во СЕХА лигата

    08/02/2022

    Македонскиот состав ја оправда фаворитската улога

    07/02/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    Маркетинг

     

    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Од утре се укинуваат одредени ковид мерки во Премиер лигата
    • Урбан Лесјак од следната сезона на голот на Еурофарм Пелистер
    • Во Борусија Дортмунд убедени дека може да го купат Адејеми од Салцбург
    • Бензема тренира, но е неизвесен за настап на мечот со ПСЖ
    • Седум столбови ја сочинуваат новата стратегија на ФФМ
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.