Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Георгиевски поради повреда мораше да се задоволи само со сребро во Букурешт
    Домашен микс

    Георгиевски поради повреда мораше да се задоволи само со сребро во Букурешт

    risteBy riste30/10/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски беше на чекор до уште еден огромен успех и златен медал, но поради повреда го откажа својот настап во финалето на Г1 турнирот во теквандо во Букурешт, Романија, и така се враќа со сребрен медал.

    Нашиот најдобар таеквондист забележа три чисти победи од по 2:0 против Мануел Полет од Белгија, Андриј Харбар од Украина и Емре Кталмиш од Турција. Но, поради повреда на раката не можеше да настапи во борбата за златен медал.

    „Овој спортски или олимписки подвиг кој го покажува Дејан Георгиевски ни одблиску не е забележан откако Македонија е самостојна држава. За само два месеци тој настапи на четири официјални олимписки турнири Г1, освои четири медали, и тоа две златни и две сребрени“, соопшти Македонската таеквондо федерација.

    Исто така треба да се напомене дека Георгиевски речиси две рунди се бореше со повредена рака против Кталмиш, кој се смета за еден од најдобрите светски таеквондисти во овој момент.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ивановски постави нов македонски рекорд

    03/12/2023

    Илиоски во полуфинале на СП во кик-бокс

    22/11/2023

    Три сребра во Бундеслигата – Илина Соколовска со македонски пасош ја освои Германија

    20/11/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Јокиќ и Тејтум ги добија признанијата за ноември
    • Родригез сакал слава а не пари
    • Наполи ги „собра“ наградите
    • Сон е првиот играч кој постигнал гол против четири различни актуелни англиски шампиони
    • Феликс: „Прославувањето на голот против Атлетико беше олеснување по она што го поминав летово“
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.