Крилото на Вардар, Гоце Георгиевски, пред мечот со Војводина во ракометната СЕХА лига, вели дека нема време за тагување и размислување по неочекуваниот пораз од Алкалоид.
„Гледаме напред. Војводина игра добро во европските купови. Имаат и млади и искусни играчи. Првиот меч е предност што играме дома. Ние сме фаворити да го добиеме мечот со повисока разлика и после да мислиме на вториот. Кога се брка резултат е потешко“ – вели Георгиевски.
„ Сега е распоредот згуснат, се игра постојано. Треба да се одмориме физички и со главите да бидеме во мечот, немаме повеќе право на грешки. Имаат добра бековска линија. Имаат добра транзиција а ние ќе треба побрзо да се враќаме во одбраната“ – потенцираше Георгиевски.