Нашиот таеквондист, Дејан Георгиевски, кој не израдува со сребрен медал на Игрите во Токио, се огласи преку видео-порака пред неговото враќање во татковината.
„Голем поздрав до сите во Македонија. Ви благодарам за поддршката и енергијата која ми ја дававте на мене и мојот тим. Од ОИ во Токио доаѓам со сребрен медал со златен отсјај. Ве повикувам утре, четврток, заедно да го прославиме медалот на плоштадот пред триумфалната порта во 19:30 минути. Ве очекувам во што поголем број, со цело срце за Македонија“ – вели Георгиевски.
До крајот на Олимпијадата во Токио боите на нашава земја ќе ги бранат уште: Јован Стојоски (Атлетика), Пуликсенија Јовановска (карате) и Борачот Магомедгаџи Нуров.