Реал Мадрид ја освои својата 4-та титула, 3-та во серија, а еден од играчите кои го решија полуфиналето ја доби наградата за најдобар фудбалер на натпеварите од светското клупско првенство.
Герет Бејл по завршувањето на мечот беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот, најмногу поради хет-трикот против екипата на Кашима Антлерс во полуфиналето. Герет Бејл беше добар и во финалето иако на оваа средба одлично одигра Лука Модриќ, сепак наградата отиде кај Бејл.
„Сребрената топка“ ја освои Бразилецот Кајо, кој го предводеше тимот на Ал-Аин до финалето на ова светско превенство за клубови, а Сантос Боре од Ривер Плата е носител на „бронзената топка“.

