Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Герет Саутгејт не брза со одлуката за враќање во фудбалот
    Фудбал

    Герет Саутгејт не брза со одлуката за враќање во фудбалот

    risteBy riste26/11/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Поранешниот селектор на англиската репрезентација Герет Саутгејт се уште внимателно размислува за својата иднина и не брза да му се врати на фудбалот. Тој ја напушти функцијата по завршувањето на Европското првенство во Германија, каде тимот предводен од него вторпат по ред остана на второто место.

    Саутгејт рече дека ќе му биде тешко да најде работа што ќе му даде таков вид мотивација.

    „Следењето на нашите цели ме мотивираше, ме одржуваше на вистинскиот пат и ми го направи животот исполнет. Ќе биде исклучително тешко да се најде сличен предизвик и токму затоа не ги ограничувам моите опции за работа како фудбалски тренер“, напиша тој на социјалните мрежи.

    Саутгејт долго време беше поврзуван со функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед поради неговите врски со членовите на управата, но „црвените ѓаволи“ се одлучија за Рубен Аморим. Поранешниот селектор остана скриен од очите на јавноста и кога беше назначена неговата замена во репрезентацијата Томас Тухел.

    „Осум години бев на една од најодговорните позиции во светот на фудбалот. Сега размислувам за се што се случи во овој период и внимателно размислувам за мојот следен чекор. Во моментов се чувствувам удобно“, додаде Саутгејт.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.