Капитенот на Челзи Гери Кејхил ги поминува своите последни денови во Челзи од каде што треба да се префрли во Фулам, информираше „Ивнинг Стандард“.
Досега, Арсенал се сметаше како фаворит за потписот на 33-годишниот дефанзивец, а исто така и Астон Вила беше меѓу фаворизираните дестинации за него.
Кејхил ќе биде пуштен до лето кога му истекува договорот со Челзи. Менаџерот Маурицио Сари веќе објави дека нема да го запре искусниот фудбалер ако сака да замине сега. Фулам се бори за своето место во елитата, во моментов е во зоната на испаѓање. Сепак, постои надеж, бидејќи со новиот тренер Клаудио Раниери тимот има само еден пораз во последните четири кола.
Кејхил е на „Стемфорд Бриџ“ од 2012 година, но тој тешко може да се избори со конкуренцијата во составот на Маурицио Сари и затоа планира да си замине од клубот.
