Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, а сега експерт за „Скај Спортс“, Гери Невил, призна дека би сакал да го види тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп на кормилото на Манчестер Јунајтед.
„Клоп работи со буџет кој е многу помал од буџетот на Гвардиола. Пеп е генијалец и тој ќе биде еден од оние кои ќе бидат запаметени засекогаш. Но, Јирген Клоп е неверојатен менаџер. Ако ми речете утре да доведам менаџер за Манчестер Јунајтед, би го избрал Клоп. Но, Ливерпул можеби никогаш нема да дозволи да си замине“, изјави Невил.
Германскиот стручњак е на чело на Ливерпул од есента 2015 година. Под негово водство оваа екипа ја освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот и Светското клупско првенство на ФИФА.

