Германскиот весник „Билд” во својот денешен натпис исто така го обвини судијата Џунејт Чакир за елиминацијата на Баерн (Минхен) од Реал Мадрид во 1/2-финалето во Лигата на Шампионите.
Германскиот весник осврнувајќи с ена вчерашниот натпревар и анализата на средата го обвини турскиот судија за пеналот кој не го досид поради играта со рака на Марсело во 45. минута.
„Марсело го сопре центаршутот на Кимих. Чакар ја гледаше ситуацијата. Донесе погрешна одлука! Не за прв пат овој судија има напревано вакви грешки. Во 2016 година тој му призна нерегуларен гол на Гризман во 1/2-финалето со Атлетико Мадрид”, пишува Билд.
Експертот на весникот „Билд“, прославениот германски фудбалер Лотар Матеус исто така коментираше за оваа ситуација за играта со рака на Марсело: „За мене е чист пенал! Доколку ова се случеше во другиот шеснаесетник ќе беше досуден пенал“ изјави Матеус.