Екипите на Ајнтрахт (Франкфурт) и Наполи вечер ќе се соочат во првиот 1/8-финален натпревар од Лигата на шампионите.
Домаќините откако дебитираа во групната фаза веднаш си обезбедија место и во елиминациите. Тие во трите домашни натпревари имаа една победа, еден пораз и нерешен резултат. Наполи кој три пати е елиминиран во осминафиналето и тоа од Челзи во 2012, од Реал Мадрид во 2017 година и Барселона во 2020 година, сега се гледа како еден од фаворитите во сенка.
Според досегашните мечеви, за тимот од Франкфурт во првата постава се очекуваат: Трап; Јакиќ, Н’Дика, Тута; Бута, Камада, Шо, Макс, Линдстром, Гетце и Коло Муани. За тимот од Италија во стартните 11 треба да бидат: Мерет; Ди Лоренцо, Ким, Рахмани, Марио Руи; Лоботка, Ангиса, Зиелински; Лозано, Осимен и Кварацелија. Мечот ќе го суди Португалецот Диаш.