Челниците на Милан ќе треба да одвојат околу 40 милиони евра доколку сакаат да го задржат Анте Ребиќ кој игра како позајмен од Ајнтрахт Франфурт, објавија медиумите во Италија.
Хрватскиот фудбалски интернационалец има времен-договор со „росонерите“ за две сезони, по што гигантот од Милано ќе има опција да го ангажира за постојано доколку се договори со германскиот состав.
Според наведеното во медиумите, Ајнтрахт Франкфурт ќе бара 40 милиони евра за потписот на Ребиќ а 50% од таа сума ќе треба да ја добие Фиорентина или претходниот тим на Ребиќ.

