Борусија Дортмунд денеска од 21.00 часот ќе излезе на мегдан со Атлетико Мадрид во вториот меч од 1 / 4 финалето во Лигата на шампионите. Милионерите“ ќе имаат задача да ја анулираат негативата од 2-1 додека Шпанците ќе сакаат да извлечат поволен резултат.
Во досегашните пет средби меѓу двата тима, Борисија Дортмунд има две победи а Шпанците три. Германците постигнале 7 голови а примиле 6. Интересно дека ниту еден меч не завршил нерешено.
Можни состави, за Борусија: Кобел, Рејсон, Хумелс, Шлотенберг, Матсеен, Сабитцер, Чан, Брандт, Мален, Адејеми и Филкруг. За Атлетико Мадрид се очекуваат : Облак, Молина, Витсел, Хименез, Хермосо, Аспиликуета, Де Паул, Коке, Љоренте, Гризман и Мората. Судија ќе биде Винчич од Словенија.