Минхен ќе аплицира да биде домаќин на финалето во Лигата на фудбалските шампиони во 2021 или 2022 година. Германците првично имаат подадено кандидатура за финалето во 2021 година а Санкт Петербург им е главниот конкурент. Германците доколку не ја добијат трката со русите, тогаш ќе аплицираат за финалето во 2022 година.
УЕФА засега ја одложи одлуката да ги одреди домаќините на финалните мечеви во 2022 и 2023 година. Гласањето ќе се одржи во септември а апликациите мора да бидат поднесени најдоцна до 22 март годинава. Минхен беше домаќин на финалето во Лигата на шампионите во 1993 и 1997 година на Олимпискиот стадион. Во 2012 година новиот и модерен објект- “Алијанц Арена”, исто така беше домаќин на финалето во најсилната меѓународна конкуренција во клупскиот фудбал.
Ќе потсетиме дека финалниот меч во тековнава сезона во Лигата на шампионите ќе биде одигран на – „Wanda Metropolitano” во Мадрид додека завршниот меч за пехарот во сезоната 2019/20 ќе се реализира на стадионот во Истанбул во Турција.