Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, по елиминацијата од Атлетико Мадрид во ЛШ, остро ги критикуваше судиите. Германецот прво се насочи кон голот а потоа и кон односот на Винчич кон шпанските фудбалери.
„Тоа беше чист фаул врз Еланга и тоа е јасно, судијата и помошникот не го видоа тоа“ – изјави Рангник.
„ Играчите на Атлетико постојано лежеа на теренот. Имаше чудни судиски одлуки. На крај даде четири минути продолжение што беше навистина смешно“ – потенцираше изнервирано Рангник.