Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцира дека неговиот состав не може да си доволи да потроши 200 или 300 милиони евра за засилувања како што тоа го прават ПСЖ или Манчестер Сити.
„Навивачите сакаат во секое лето да трошиме стотици милиони евра, но, тоа е далечно за нас. Суми од 200 или 300 милиони евра можат да потрошат само Сити и ПСЖ а понекогаш и Реал Мадрид и Барселона. Ние останатите сме сиромашни во однос на нив“ – потенцирал германскиот стратег.
„Црвените“ во текот на летово потрошија само 1,3 милиони евра за потписот на младиот Холанѓанец, Сеп ван дер Берг, кој беше купен од Цволе.