Јулијан Дрекслер кој во текот на летото се пресели во Ал Ахли, објасни зошто се определи да ја напушти фудбалска Европа.
„Сакав да запознаам нова култура, да учествувам во возбудлив проект во арапскиот свет. Би било лага ако се каже дека финансискиот дел не беше пресуден“ – вели Дрекслер.
„Можеби не ни се допаѓа но, фудбалот во арапскиот свет се развива многу брзо со големите финансиски инвестиции. Останувам на мојата одлука“ – вели Германецот.

