Дефанзивецот на фудбалскиот состав Челзи, Антонио Рудигер, иако е разочаран од првичната финансиска понуда на „сините“, не планира да го напушти стадионот – „Стенфорд Бриџ“.
Англискиот состав му понуди неделна плата од 167.000 евра иако дефанзивецот е еден од најдобрите на теренот. За 28-годишниот централен стопер се заинтересирани екипите на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.
Французите наводно, се подготвени да му плаќаат 7 милиони евра годишно. Од почетокот на сезоната, Рудигер има 20 натпревари и 1 гол во Премиер лигата.