Mенаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, јавно го пофали Дарвин Нуњез, кој вчера дебитираше со погодок на дуелот со Манчестер Сити во Комјунити Шилд. Уругваецот кој влезе во вториот дел, успеа да изнуди пенал и да постигне погодок.
„Знам дека ќе се подобри како ќе одминува времето. Критиките се дел од фудбалот“ – изјави Клоп.
„Тој заврши одлична работа. Сите знаеме што донесе неговото влегување на теренот“ – потенцираше Германецот.