Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидел, иако е оптимист за напредокот на тимот во Формула 1 шампионатот, не очекува титула пред 2023 година.
„Ние сè уште имаме многу слабости во тимот на кои треба да работиме. Сега мора да покажеме напредок и да имаме подобри процедури, методи и процеси“ – вели Сеидел.
Германецот објасни дека врвните екипи имаат автомобили кои се одлични на сите патеки и под различни услови. Според него, тоа се клучните фактори за успех во Формула 1.

