Дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, не сака да го продолжи договорот со „сините“ додека не добие поголема плата.
„Се чувствувам одлично во Челзи, отсекогаш сум го велел тоа. Мислам дека тоа се гледа и во мојата игра. Одлуката за продолжување на соработката не зависи само од мене“ – вели фудбалерот кој досега ги одби сите понуди од раководството на клубот.
Рудигер се пресели во Англија во 2017 година кога ја напушти Рома. 28-годишниот фудбалер во сезонава одигра 23 натпревари во Премиер лигата и постигна два гола.