Тренерот на фудбалерите на Бенфика, Роџер Шмит, го продолжи договорот до 30 јуни во 2026 година, објави клубот од Португалија.
„Се чувствувам како да сум на вистинското место. Многу сум среќен што Бенфика верува во мене“- изјави 56-годишниот стручњак кој го презеде тимот во мај 2022 година.
Германецот претходно седеше на клупата на ПСВ Ајндховен, кинескиот Пекинг Гуан како и Баер Леверкузен и Ред Бул Салцбург.