Голманот, Марк-Андре тер Штеген, нема намера да ја напушти Барселона и покрај фактот што главниот тренер, Ханс-Дитер Флик, го информираше дека нема да биде стартер за новата сезона.
Според – „Кадена СЕР“, Тер Штеген е лут но, нема намера да замине иако Барса верува во спротивното повикувајќи се на желбата на голманот да настапи на наредниот Мундијал.
Изданието тврди дека заминувањето на Германецот ќе помогне во намалувањето на трошоците за плати.

