Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, во последното интервју се обиде да ја открие слабата алка во редовите на Реал Мадрид. Германскиот тренер пред саботното финале во Украина вели дека „кралевите“ имаат проблем со играта на Марсело кој е фантастичен во нападот , но, тотално катастрофален во одбраната.
„ На Реал му се потребни четири шанси за да постигна два гола. Искуството е нивната најголема предност. Ако Марсело ја остави празна левата страна во одбраната, Салах ќе треба да се соочи со Рамос кој е страшен играч, – вели Клоп.
Светските букмејкери излегоа со понуди за обложување. Шансите главно се 50-50 а има и различни услови со кои за само едно вложено евро може да се добие и околу 60-на евра.