Тренерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, пред денешниот меч со рускиот Зенит во групата „Х“ на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, потенцира, дека квалитетот на екипите не дозволува да се идвои посебен фаворит за победничкиот пехар.
„Ќе треба многу среќа и навистина добар тим за да се дојде до титулата. Има многу изедначени екипи, ќе биде тешко да се дојде до врвот“ – вели Тухел.
Германскиот стратег во претходната сезона успеа да се израдува на победничкиот пехар во ЛШ откако во финалето неговите избраници го совладаа составот на Манчестер Сити.