Јирген Клоп кој со Ливерпул ја обезбеди титулата во Премиер-конкуренцијата, јавно проговори за најавениот трансфер на Тијаго Алкантара од Баерн Минхен.
Шпанскиот фудбалер одби да потпише нов договор со Баварците по што многу медиуми објавија дека тој ги договорил личните услови со новиот шампион на Англија. Клоп на прашање поврзано со Алкантара и неговото можно доаѓање на стадионот -„Енфилд“ одговори кратко и со насмевка.
„Никогаш не зборувам за таа тема наречна трансфери. Алкантара е навистина добар играч кој многу ми се допаѓа. Тоа е сè што треба да кажам за него “ – потенцирал стратегот на „црвените“.