Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека неговите фудбалери не размислуваат за шампионскиот пехар во Премиер лигата иако по 19. кола имаат големи 13 бодови предност во однос на главните конкуренти.
„Единственото што се менува за нас се бројките. Прво беа десет, па 11, сега се 13 бода. Воопшто не се чувствуваме како шампиони, не ни зборуваме за тоа„ – вели германскиот стратег.
„Никој уште ништо нема освоено. Дури сега не чекаат Волвс, Шефилд, Евертон и Манчестер Јунајтед. Мене не ми личи дека е се готово“ – вели менаџерот на Ливерпул.