Тренерот на фудбалерите на Челзи, Томас Тухел, верува дека Андреас Кристенсен кој нема потпишано нов договор, ќе остане и натаму во редовите на „сините“.
„Постојано ги слушаме информациите кои доаѓаат за нашиот фудбалер. Клубот ќе се обиде да го убеди да остане“ – вели Тухел.
Данскиот дефанзивец кој има 25 настапи во сите конкуренции се наоѓа на радарот на Барселона.