Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцирал дека сака да го одработи договорoт со „црвените“ и дека не размислува за промена на средината.
„Нема да си отидам до крајот на договорот. Тоа е мојата желба. Имаме доволно време да размислуваме за иднината и евентуално нов договор“ – вели Клоп со напомена дека очекува жестока битка за титулата во Премиер лигата во наредната сезона.
„ Јасно е дека ќе бидеме фаворити заедно со Манчестер Сити. Во претходниот шампионат имаше интересна трка, веројатно тоа не мотивираше да освоиме многу бодови. Тие имаа 98 а ние 97“ – вели тренерот на актуелниот шампион на Европа.