Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред градското дерби со Евертон вели дека ќе му недостасуваат таквите пресметки доколку „карамелите“ не успеат да обезбедат опстанок во елитата.
„Тоа е можеби најинтензивното дерби. Мечот е значаен за двата клуба. Сите сме навикнати на двата клуба во нашиот град и така треба да биде“ – вели Клоп.
„Црвените“ се во трка за шампионската титула додека Евертон се бори да опстане во Премиер-лигата.