Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, се осврна на трансферот на Лео Меси кој ја напушти Барса и се пресели во редовите на ПСЖ.
„Ќе видиме како ќе функционира. Нашиот најголем конкурент го загуби најдобриот играч. Можеби уште подобри работи ќе излезат од тоа“ – вели Крос со надеж дека Мбапе ќе ги напушти „светците“ и ќе се пресели на „Сантијаго Бернабе“.
Французинот треба да одработи уште една сезона на „Паркот на принцовите“ а потоа ќе биде слободен играч.