Германскиот репрезентативец Матс Хумелс нема да биде дел од составот на „панцирите“ за денешниот дуел со селекцијата на Перу.
Дефанзивецот е со полесна повреда на петата и нема да му биде на располагање на селекторот Јоаким Лев.
На негово место се очекува да стартува дебитантот Нико Шулц, а исто како стартер ќе биде и Џулијан Бранд.