Германската фудбалска репрезентација ќе биде без крилото на Баерн Минхен, Лерој Сане, на првиот натпревар на Светското првенство во фудбал во Катар против Јапонија кој се игра утре (среда), соопшти Германскиот фудбалски сојуз.
Според информацијата која беше објавена Лерој Сане го пропуштил вчерашниот тренинг на тимот и нема да настапи на натпреварот поради проблем со коленото.
Останатите 25 играчи ќе му бидат на располагање на селекторот Ханзи Флик за утрешниот натпревар. Германија важи за еден од фаворитите за највисок пласман на ова СП во Катар.