Канцеларката на Германија, Ангела Меркел соопшти дека Бундес-лигата има зелено светло да продолжи во втората половина на мај а датумот ќе биде дополнително одреден.
Засега се шпекулира со термини по 22 или 29 мај. Таа денеска имаше состанок со премиерите на кои се дискутираше за олабувањето на мерките. За утре е најавен состанок меѓу претставниците на лигата и клубовите на кој ќе се прецизира датумот.
Најдобрите прогнози велат дека има доволно време екипите да се подготват и до 16 мај за да нема збиен распоред до крајот на сезоната.