Кадровските проблеми за германскиот селектор Јоаким Лев и натаму се продлабочуваат, откако стана јасно дека тој нема да може да смета на уште тројца играчи за претстојната контрола со Аргентина в среда во Дортмунд.
Тимо Вернер има вирусно заболување, додека Илкај Гундоган и Џонатан Та се повредени. Марко Ројс е исто така е под знак прашалник за настап на мечот поради повреда, но од медицинскиот тим се надеваат дека четворицата играчи ќе бидат подготвени за квалификацискиот натпревар со Естонија в недела во Талин.