Германската фудбалска машинерија проработи во вториот дел на теренот во Скопје и дојде до сигурна победа од 4-0 против Македонија во рамките на 8 коло во Мундијалските квалификации.
Се започна преку Хаверц во 50-та минута, потоа на сцена стапи Вернер во 70 и 73 минута додека конечниот резултат го постави Мусиала во 83-та минута. Во другите два меча во нашата група: Романија-Ерменија 1:0 и Исланд-Лихтенштајн 4:0.
На табелата води Германија со 21 бодови пред Романија со 13 и Македонија и Ерменија со 12. Исланд има 8 а Лихтенштај 1 бод.