Денешниот натпревар меѓу Германија и Јапонија донесе ново изненадување, фаворитот Германија загуби од селекцијата на Јапонија со резултат 1:2. Според статистичките показатели, Бундестимот за прв пат во својата историја загубил два стартни натпревари на Светските првенства.
На последното Светско првенство кое се одржа во Русија во 2018 година, Германија загуби од селекцијата на Мексико со резултат 0:1. Подоцна, тимот не успеа да се пласира во елиминациската фаза, освојувајќи само три бода. Германија во последните два натпревари ја совлада Шведска (2:1), но загуби од Јужна Кореја со резултат 0:2.
Репрезентацијата на Германија која игра во групата Е во следните два натпревари ќе игра со селекциите на Шпанија (27 ноември) и Костарика (1 декември), каде ќе бара шанса за поправен.