Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Германски судија предлага „ракометни“ промени во фудбалската игра
    Фудбал

    Германски судија предлага „ракометни“ промени во фудбалската игра

    sasoBy saso05/01/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Се повеќе луѓе предлагаат некои модификации и промени за да се револуционизира фудбалската игра. Некои се целосно апсурдни, додека некои имаат смисла. Германскиот бундеслигашки судија Патрик Итрих ги сподели своите размислувања како да се подобри фудбалската игра со неколку модификации кои можат да им ја олеснат работата и на судиите.

    Според Итрих, првата промена треба да се однесува на тактички фаули на средината на теренот. Според судијата, во овие ситуации слободниот удар треба да биде на 17 метри од голот, што би значело многу помалку вакви прекршоци во фазата на градење на нападите.

    Според него, во случај на три паѓања на теренот, играчот би требало да го напушти теренот три минути за да добие лекарска помош, за да не се дозволи „крадење“ време. Навредите кон судијата би биле најстрого казнети. Во тој случај играчот кој навредува би бил исклучен од игра на десет минути за да се смират страстите.

    За да се запрат инцидентите на теренот за време на натпреварот, доколку целиот тим истрча кон судијата, судијата ќе има право да исфрли тројца играчи и да им додели црвени картони.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.